Показалецот открива: Дали сте верни или промискуитетни?
Новото истражување кое го проучувало сексуалниот живот на група мажи и жени, дошло до заклучок дека и двата пола се подеднакво склони кон изневерување.
Истражувањето го спровел професорот Робин Данбар од Оксфорд, односно тој ја разрешил мистеријата од што зависи верноста или промискуитетот кај луѓето.
Во истражувањето учествувале 575 лица кои ги изнеле своите мислења, па биле поделени во 2 групи: оние кои се склони кон кратки врски и оние кои сакаат долги, стабилни врски.
Некои од нив биде промискуитетни, додека другите биле исклучиво за моногамија, но интересно е што одговорите не зависеле од полот.
Истражувањето исто така ги проучувало и дланките на испитаниците, односно должината на показалецот и домалиот прст.
Колку пократок бил показалецот во однос на домалиот прст, толку повисоко е нивото на тестостерон кај лицата, па нивната склоност кон промискуитет е поголема. Ова важи и за мажите и за жените.
Оние чии прсти пак се речиси идентични се склони кон долги врски и моногамија.
Какви се вашите?