Пријателство или флерт? 5 начини како да ја поставите границата
Има многу кои не веруваат во машко – женските пријателства, бидејќи во многу ситуации се покажало дека преминуваат во нешто повеќе.
Сепак, доколку не сакате да го одбиете пријателот, ниту да го повредите, а сепак да ве сфати, искористете некој од овие 5 начини за да спречите преминување на границата.
1. Спомнување на партнерот
Штом забележувате знаци на наклонетост од другата страна која не е баш пријателска, пред да дојде до непријатната ситуација, спомнете некоја случајна ситуација со партнерот, ако треба и измислете за да не се доведете во тесно. Би требало да ја сфати пораката.
2. Групно дружење
Кога веќе знаете дека некој едвај чека да остане на само со вас, а вие немате таква намера, тогаш најдобар начин за избегнување на ваквите ситуации е групното дружење. Така од една страна не го одбивате, но не му оставате ниту доволно простор.
3. Не го третирајте другарот како другарка
Комплиментите за убавина што си ги давате со другарките, не е препорачливо да ги применувате и со другарите, особено не со оние кои знаете дека имаат поинакви чувства.
4. Без допири
Допирот е моќна алатка и значи многу, колку и да не обрнувате внимание на тоа. Затоа приберете си ги рацете, пред да дадете погрешен знак.
5. Изјаснете се
На крајот, ако сепак некој не ја сфати вистинската порака, најдобро е да бидете фер и најдругарски да се изјасните и да ги објасните работи. Колку и да е тешко, тоа е најправилното решение.
Сте се нашле во ваква ситуација?