Несекојдневна љубов: Донирала бубрег на непознат, а денес се верени и чекаат бебе
Целата приказна започнува кога Ешли и нејзините мајка и баба разговарале за човекот кој постојано го зборуваат на вести и неговата тешка животна приказна.
Дени Робинсон го изгубил неговиот татко кој починал од тумор на мозокот, а на Божиќ му изгорела и куќата.
Но, неговиот уште поголем проблем е тоа што не му функционирале бубрезите и итно му била потребна трансплантација.
Мајката на Ешли спомнала дека токму нејзината ќерка може да го донира едниот бубрег, со оглед на тоа што е нулта крвна група и е универзален донатор, а нема никакви здравствени проблеми.
Ешли помислила на тоа како постојано му се случуваат некои несреќи и дека токму таа може да му помогне барем малку.
Уште следниот ден доброволно се пријавила за да направи тестирање и да го донира едниот убрег, но не сакала да му кажуваат ништо, додека не добие позитвен тест, за да не му даваат лажна надеж.
Откако било утврдено дека нејзиниот бубрег одговара, му била направена успешно операцијата, а следниот ден Ешли отишла да го посети.
Во тој момент не ни помислувале дека може да се случи нешто помеѓу нив, но штом почнале да разговараат имале чувство како да се знаат цел живот.
Откако Дени заздравел од операцијата, почнале да излегуваат и да се дружат заедно.
Нивната љубов секој ден станувала сè посилна и посилна, па на ден пред Божиќ ја прашал дали ќе се омажи за него.
Денес Ешли и Дени ја планираат венчавката и уживаат. Наскоро ги очекува уште една голема радост, бидејќи Ешли е веќе шести месец бремена.
По толку лоши работи, веројатно следуваат и низа на многу радости.