Вежби за пенис: Ако сакате сексот да ви трае подолго, ова е решението
Ноќна мора на секој маж е кога акцијата ќе заврши уште пред да започне. Меѓутоа, еден стручњак тврди дека и за тоа има решение - Кегелови вежби за мажи.
Кегеловите вежби им се попознати на жени, затоа што почесто ги изведуваат по породувањето и воедно им помагаат да ја контролираат бешиката, додека кај мажите имаат способност да ја контролираат прераната ејакулација.
- Треба да ги правите по 50 пати дневно. Мускулите на пенисот стегнете ги на 3 до 5 секунди, а потоа опуштете се. Започнете со 20 повторувања, па потоа постепено зголемувајте ги, советува Кинрис.
Плус, како што Марни Кинрис советува, секој маж би требало да ја задржува урината при мокрењето на секои 5 секунди за да ги зајакнува мускулите.
Некои луѓе едноставно имаат пречувствителни нервни завршетоци, па секој притисок може да ја влоши ситуацијата. Ако и вие сте во оваа група мажи, вреди да пробате.