Што се случило со двојката која пробала да има секс како во „Педесет нијанси на сиво?“

Откако се појави трилогијата „Педесет нијанси на сиво“, се смета за главна причина за порастот на промискуитетното однесување.

eden-par-go-probal-seksot-od-pedeset-nijansi-na-sivo-no-doziveal-nesto-podobro-001

Блогерката Тиен-Ким Лам во својот текст за „Your Tango“, го опишала искуството кое го преживеала со сопругот. Ова искуство вклучило испробување на секс сцените од книгата во нивниот кревет.

Лам ја читала книгата и дошла до 12-тото поглавје кога се случува неверојатна еротска сцена. Посакала да ја доживее таа сцена со својот сопруг. Но на крајот доживеала нешто многу повредно.

Го напишала следново:

„За да подготвиме вистинска сцена, му напишав упатство на сопругот, за да знае што треба да прави.

1. Врзи ме за креветот со сребрена свилена вратоврска.

2. Преврзи ми ја маицата преку лицето.

3. Излези од собата по чаша вино со коцки мраз.

4. Доближи ми се преку бакнување со мразот и виното.

5. Истури ми вино во папокот

6. Бакнувај ме насекаде

7. На крај треба да имаме секс во „доги“ стил.

eden-par-go-probal-seksot-od-pedeset-nijansi-na-sivo-no-doziveal-nesto-podobro-3.jpg

Го можеме тоа, можеме да бидеме Анастасија и Кристијан.

Се одлучивме за црвена вратоврска од полиестер која мојот сопруг еднаш годишно ја носи. Јас облеков хеланки за јога и стара маица со дупки. Тоа беше блиску до она што го носи Анастасија во книгата. Единствено што ни требаше плус е чаша вино со мраз. Колку и да звучи чудно.

Децата спиеја, па ние можевме да си ги собереме своите помагала. Белешките беа на ноќната масичка и глумевме чекор по чекор.

Прв чекор

Додека сопругот ме врзуваше околу зглобовите со вратоврската, сфативме дека нашиот кревет нема никаква шипка. Не може да ме заврзе ниту за рабовите, ниту за ногарките, затоа што душекот ни е на подот. Одлучив да ги ставам рацете зад главата и да се преправам дека ми се врзани.


Втор чекор

Го фати крајот на мојата маица и ми ја префрли преку глава не можам да дишам, се жалев. Ми ги ослободи устата и носот. Наеднаш се сетив на нешто важно од 12-тото поглавје.

„Чекај“ – викнав од под маицата. „Мора да ме удираш по задникот пред сексот, како што тоа го прави Кристијан во книгата. Заборавив тоа да го напишам“ – му дообјаснив.


Трет чекор

Го слушам како ги фаќа белешките. „Не можеш ни да претпоставиш што следува“ – се насмеав. Слушам како излегува од собата и оди кон кујната. Зема коцки мраз и наеднаш слушам удари. Ги крши коцките лед. Големи се за да ми ги стави во уста или папок.

eden-par-go-probal-seksot-od-pedeset-nijansi-na-sivo-no-doziveal-nesto-podobro-2.jpg

Четврт чекор

„Дали ти недостигав?“ – ме праша со глас кој претпоставувам дека би требало да биде негова имитација. „Шшш, не зборувај. Ќе ме насмееш и ќе ми го уништиш доживувањето“. – реков.

Му кажав да биде тивок додека ги правиме следните чекори. Ме бакнува и ми сипа студено виски во устата.


Петти чекор

Повторно го слушнав звукот дека ги фаќа белешките. Тоа ми ја уништува фантазијата. Ги остава нив и става коцка мраз во мојот папок.


Шести чекор

Во овој момент би сакала да кажам дека го следевме упатството, но тој ги фрли белешките. По 12 години брак ги знаеше сите мои клучни точки. Во моментот на страст дури и ме удри еднаш по задникот. Импровизиравме многу добро.

Обидот да направиме нешто поинакво во спалната соба ја врати забавата во нашиот сексуален живот. ,

Не планирам да ги читам другите делови од книгата, но научив важна лекција: Смеењето во спалната соба е еднакво важно како и воздишките.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Прашувам за пријател: „Сопругот дозна дека гледам порно и си замина од дома - како да го вратам?“ (1... „Се изненадив што тој се вознемири. Сега мисли дека не ме задоволува. Толку...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg