Гласен оргазам
Оргазмот е состојба во која луѓето духовно се најзадоволни. Кај жените, на сите континенти се појавуваат исти или слични зборови за време на оргазмот.
Јапонки, индијки, французинки, англичанки зборуваат за умирање - „аааааа ќе умрааам!!!“ - се разбира од задоволство. Другите ја спомнуваат мајката, некои трети се препуштаат на верата - „ооооо, боже мој“.
Мажите за време на оргазмот или ќе зарикаат како мечки или ќе изговорат некои агресивни едносложенки.
1. Дишете силно кога ќе ја најдете вистинската точка
Некои од тие „шифри“ се вообичаени – гласно дишење кога ќе ја допреш правата точка.
Жените, а дури и некои мажи секогаш зборуваат со детски глас или пак изговараат некои „валкани“ зборови, кога најмалку ги очекуваме.
Некои од таквите парови можат да се слушнат и до пет улици подалеку, а некои други сосема тивко се смеат.
2. Кога жената вика - навистина вика
Од оние навистина бучните, некои сакаат да ги оставите да викаат, додека други повеќе сакаат да им ја затворите устата или да ги замолчите со нивната коса.
Мажите, исто така можат да бидат доста бучни, иако во други моменти не се така разговорливи.
3. Смеење за време на оргазмот
Дали можете да замислите маж кој на сите можни начини се обидува да и излезе во пресрет на неговата партнерка, а таа во моментот на „огнометот“ се прснува од смеа?
Тука, цврстиот карактер е сигурно благодет, инаку во спротивно машката чест можи да се стопи како восок на новогодишна свеќа. И што да направите ако таа почне да смее без престан?
Немојте да бидите повредени поради тоа, на некои тоа често им се случува. (Веројатно), не се смее за вас. Најверојатно се наоѓа во вртлогот на фантазијата.