Каква интимна фризура навистина сакаат мажите?
Во денешно време, освен за лична хигиена, интимната депилација станува честа тема на разговор во една врска, но и одлика на стилот и вкусот на личноста.
Факт е дека и мажите и жените гледаат порно филмови, а таму сè е мазно и чисто до перфекција, што често пати создава лажна слика за реалноста.
За да не дојде до забуни и недоразбирања што мажите навистина сакаат кај своите партнерки, постојат многубројни истражувања кои го проучуваат овој интимен феномен.
Во најновото истражување учествувале 1.100 студенти од двата пола, а имале за задача да одговорат каква интимна фризура преферираат.
Според резултатите, 95% од испитаниците во изминатите 4 недели на некој начин ги отстраниле интимните влакна.
Од друга страна пак, интимната зона е потполно мазна кај половина од жените и секој 5-ти маж.
Сепак, колку и да сакаме да се преправаме дека депилацијата ја правиме за нас, а не за партнерот, реалноста е спротивна. И мажите и жените признале дека посебно внимание посветуваат кога ќе им се најави орален секс.
Ако ги генерализираме сите добиени резултати, речиси 60 проценти од мажите сакаат кога нивната партнерка е целосно издепилирана, а 40% од мажите ја сакаат интимната зона уредна, но не потполно мазна.
Сепак, постои мал процент на мажи на кои интимната фризура не им е важна во сексуалниот живот.