Исповед на човекот кој платил 250.000 долари за секс: Тоа беше сексот кој речиси ме уби, но вредеше!
Питер Коусинс од Велика Британија засекогаш ќе ја памети катастрофалната секс авантура која му се случила во пустина во Невада.
Со неговата девојка Давин Рид тој тргнал на пат околу светот, а кога по неколку месеци се нашле во пустина, решиле малку поинаку да ја истражат околината.
Откако со часови пешачеле, се наградиле со секси акција под отворено небо. Тоа било одлична идеја, сè додека Питер не добил срцев удар.
Тогаш итно е одведен со хеликоптер во најблиската болница на операција. За среќа преживеал, но следел уште еден шок - $250.000 долари за операцијата.
По ова непријатно доживување го оставила и неговата девојка Давин.
- Имавме секс, а тогаш почувствував страшна болка во левата рака и паднав на земја. По 5 дена во болница мислев дека сметката ќе биде околу $5.000 долари, но не можев да поверувам кога видов износ од $250.000 долари, раскажува Питер.
- Тоа беше најскапиот секс некогаш. Глупаво од мене што немав патничко осигурување. Навистина е бизарно што сè ми се случи, објаснува младиот маж.
Сепак, на крајот завршува со заклучок дека сексот дефинитивно вредел за цената која ја платил.