Омилената боја покажува какви сте во кревет
Секој има свој омилена боја од палетата, а токму таа зборува за некои ваши карактеристики кои откриваат какви сте во креветот. Така, кога ќе ја знаете омилената боја на партнерот, може да претпоставите и како би се однесувал во креветот.
Жолта
Оние кои одбираат жолта боја го контролираат сексуалниот нагон во креветот, препуштајќи му ја главната улога на партнерот. Сами не преземаат иницијатива, но никогаш не го одбиваат партнерот, бидејќи им е важно неговото задоволство.
Сина
За овие личности сексот е уметност, а пристапот елегантен. Нежноста е особено изразена кај мажите кои се однесуваат како пијанисти. Внимателно го истражуваат телото на жените и ги следат нејзините потреби. Жените исто така се великодушни и нежни, а во предиграта уживаат исто колку и во чинот на сексот.
Сива
Вљубениците во оваа боја се неодлучни и несигурни љубовници. Многу тешко се врзуваат. За нив сексот не е возбудување туку начин на задоволување на потребата, поради што лошо се согласуваат со партнери кои имаат друга омилена боја.
Портокалова
Тие сакаат да ги остварат своите фантазии. Ласкањето, шепотењето ја поттикнува фантазијата на партнерот. Нежноста и предиграта се многу важни за време на сексот. Тешко си го признаваат незадоволството со партнерот и прилично им е лесно да одглумат оргазам.
Црвена
Со оглед на тоа дека оваа боја ја симболизира страста, оние на кои им е омилена знаат да уживаат во сексот. Имаат агресивен пристап кон спротивниот пол, а ако изградат партнерски однос со личност на која исто така црвената ѝ е омилена боја, тогаш ќе имаат обострано еднакво задоволство.
Зелена
Оние кои сакаат зелена се верни, а во сексот полни со нежност. Жените кои сакаат зелена боја секој сексуален однос го доживуваат како да им е прв, додека мажите се полни со разбирање, подготвени да ги исполнат сите желби на партнерката.
Виолетова
Со оние кои сакаат виолетова боја треба да се биде внимателен кога се работи за сексот. Нив водењето љубов им претставува губење навреме. Мажите на овој чин му пристапуваат како на работна обврска, додека жените повеќе размислуваат за тоа да не им се уништи фризурата, отколку за сексот.
Розева
Жените кои ја сакаат розевата боја понекогаш ветуваат повеќе отколку што имаат намера да пружат. Во сексуална смисла се незрели и сакаат да си поигруваат со мажите. Машките кои сакаат розева боја се склони кон честа промена на партнерките и лесно се впуштаат во афери со девојки кои тукушто ги запознале.
Која е вашата омилена боја?