Секси сцени кои секогаш се случуваат на филм, но не и во реалноста
Веројатно и на вас, како и на сите останати, филмските секс сцени ви се репер за она што го очекувате во спалната соба. Но, колку пати до сега сте се разочарале? Во што е разликата?
1. Жените никогаш не ги соблекуваат градниците
Како носењето градник да е најудобното нешто во светот. Во реалниот живот, тешко дека градникот ќе остане недопрен и закопчан.
2. Жените доживуваат оргазми штом мажот ги допре
Едно големо „благодарам“ од сите жени до филмовите кои вака го лажат посилниот пол. Не, оргазмот не доаѓа сам по себе штом го допрете женското тело.
3. Многу работи летаат од масата или работната површина во кујната
Времето кое ви е потребно за да ја расчистите масата за да имате секс може да ви ја убие желбата, а замислете која обврска си ја давате ако сите садови ги фрлите на подот? Така што и ова не е најреалното секс сценарио.
4. Мажите ја вртат жената како да е пердув
Можеби во Холивуд. Таму сите се слаби.
5. Додека да забележите, ја промениле позата
Паровите на филм неверојатно лесно и брзо ги менуваат позите, и тоа без грешка, пауза или незгода. Невозможно!
6. Сите се соблекуваат лесно и заводливо
Колку пати ви се случило да ви се заглават копчињата, каишот или патентот? Или да носите хулахопки, хеланки, втори хеланки, чорапи, па фармерки? Ниту звучи лесно, ниту секси, но барем е реално.
7. Светлото служи за да ја нагласи совршеноста на телото
Напротив, запаленото светло во реалноста значи повеќе видливи стрии и целулит, заради што девојките и жените го мразат.