Еве зошто мажите сакаат секс на првиот состанок
Многу често се случува девојките да се двоумат и да размислуваат дали треба да имаат секс со момчето уште на првиот состанок или не.
За некои тоа е момент на страст и природен нагон, за други претставува непристојност. Но, за момците тоа е сосем нормално.
Тие речиси никогаш не би одбиле секс, па дури и на првиот состанок. Мислењата за таквите девојки се поделени, но желбата е иста.
Но, во однос на прашањето зошто момците сакаат секс уште на првиот состанок, сексуалната терапевтка Сенди Вејнер го објаснува со привлечноста.
Според неа, желбата за секс со девојката уште на првиот состанок е доказ дека го привлекува. Тоа не значи дека девојката мора да се согласи на таков чекор доколку не е подготвена, но не треба ниту да се чувствува навредена.
Мажите кои нема да ја почувствуваат таа привлечност и желбата за секс веднаш, можеби и нема да почувствуваат потреба за следна средба, што значи таквите нагони се всушност добар знак.
Доколку некој инсистира на секс подобро е да разговаратесо него, бидејќи е можно само да е заслепен од големата привлечност, па не успева да се контролира на вистински начин.