Од машки агол: Девојки, вие сте криви што изневеруваме
Судејќи по најновите истражувања на еден сајт за запознавање парови, многу мажи ги криват своите девојки за нивното неверство.
Во истражувањето учествувале околу 6.500 машки членови, кои тврдат дека честите секс изговори се најголем проблем во врската и најголема причина за изневерување.
„Честото одбивање на партнерката која користи неубедливи изговори може негативно да влијае на самодовербата на мажот“, велат стручњаците.
„Ако тоа се случува често, мажот ќе побара утеха, самодоверба и задоволство на друго место и нема да жали за тоа.“
Околу 82% од мажите кои признале дека ја изневериле својата партнерка, како причина ги наведоа следниве 5 женски изговори:
1. „Не можам, утре треба да станам рано“
2. „Под стрес сум, имав напорен ден, остави ме“
3. „Гледам филм, остави ме да го догледам“
4. „Не ми е до секс моментално, може подоцна“
5. „Ме боли глава“