Секс факти: Оние кои водат љубов трипати неделно изгледаат 7 години помладо
Веројатно не ви требаат посебни причини и докази зошто да имате секс или да водите љубов, но само за дополнителен мотив, постојат некои факти и истражувања со дополнителни позитивни резултати.
- Жените кои не се во врска повеќе привлекуваат зафатени, отколку слободни мажи.
- 58 % од мажите и жените кои редовно гледаат еротски филмови со својот партнер, послободни се во сексот и полесно го задоволуваат партнерот.
- Паровите кои редовно се милуваат имаат 8 пати помалку шанси за депресија од оние кои се бакнуваат само за време на сексот.
- 53 % од жените барем еднаш користеле вибратор.
- Жените кои редовно вежбаат имаат подобра циркулација во гениталниот простор, па поради тоа се и позадоволни.
- Носењето високи потпетици над 10 cm ја подобруваат силата на мускулите околу карлицата, што значи дека жените кои носат високи потпетици полесно доживуваат оргазам.
- Утринското кафе има дејство на афродизијак според резултатите на некои студии, и предизвикува поголема сексуална возбуда.
- Жените кои редовно мастурбираат полесно доживуваат оргазам за време на сексот.
- Некои жени доживуваат оргазам само со стимулација на градите.
- Глобалното истражување покажало дека Австријците најмногу практикуваат орален секс.
- Германците се покажале како најлоши љубовници во сексуалните вештини.
- Паровите кои немаат телевизор во собата во просек водат љубов 50 % почесто од паровите кои имаат.
- Стручњаците тврдат дека редовниот секс помага во борбата против мигрената.