Три месеци немавме секс, резултатот беше неверојатен

Сум избрзувала со секс во врска, но овој пат решив да биде поинаку. Започнав да излегувам со нов дечко кој ми делуваше примерно, шармантно и секси.

nemavme-seks-so-noviot-decko-veke-3-meseci-i-eve-sto-se-sluci-1

Практикував да се гледаме во кафуле или пак кај нашите пријатели на домашни забави, но една вечер одлучив да ја прифатам неговата покана да гледаме заедно филм кај него дома.

Кога влегов во неговата соба се изненадив од вниманието кое тој го посветил за да ме воодушеви со запалени свеќи, пригушено светло и тивка, романтична музика во позадина. Се запрашав, зошто ли го прави ова?

Сака ли да добие секс или пак навистина му се допаѓам и затоа одлучил да ми приреди романтично изненадување?

Грицкавме колачиња, пиевме вино и се смеевме на глас. Почувствував дека навистина ми се допаѓа момчето и сакам да го имам во своја близина колку што е можно почесто, но прашањето поврзано со сексот сè уште ми беше нејасно во главата.

Не знаев што да правам бидејќи тој беше постар од мене 6 години, нормално би било да имаме секс во врската, но не сакав тоа да се случи веднаш поради лошо искуство од минатото.

Одлучив да го послушам срцето и да му ја тргнам раката кога се обиде да ми го откопча фустанчето. Иако се почувствував како несозреано девојче, сфатив дека нема од што да се срамам доколку не сум подготвена.

Зошто наредното утро да се обвинувам и каам кога можам да се разбудам мирно и без грижа на совест кон моето тело?

Му кажав без да го повредам дека сè уште е рано, не сакам да избрзаме. На мое изненадување тој ме сфати и веднаш престана да ме соблекува, но не престана со бакнежите.

Ми рече дека е во ред тоа што не сакам, но нема да престанува да ме бакнува и сака повторно да ме види.

На патот кон дома се прашував дали тоа што го прави е со намера да ме искористи, а подоцна да ме шутне или пак навистина не му пречи тоа што не сакам да имаме односи и е подготвен е да ме почека.

Решив да го тестирам и да почекам уште малку иако веќе поминаа 3 месеци од нашето запознавање.

Тој беше смирен, не ме притискаше, а тоа ми се допаѓаше.

Вечерта кога одлучив да му се препуштам, сфатив дека навистина го сакам тоа бидејќи ја стекна мојата доверба, а јас конечно почувствував дека навистина му значам.

Наредното утро ме разбуди со порака – „перницата сè уште ми мириса на тебе, сакам да те видам."

Бев толку среќна и знаев дека не погрешив со тоа што го послушав моето срце и не се препуштив кога не бев подготвена за тоа.

Подоцна тој ми призна дека во моментите кога не можел да ме има да ме посакувал уште повеќе, бидејќи тоа што го сакаш не доаѓа така лесно, а тоа што доаѓа лесно не го сакаш долго.

Сега сме среќен пар кој е заедно веќе една година, со здрав сексуален живот и многу љубов која секој ден станува сè посилна.

Затоа, девојки, доколку не се чувствувате подготвени за секс, послушајте ја вашата интуиција и срце кои ќе ви кажат кога треба да се препуштите, а доколку момчето се откаже од вас само поради тоа, бидете сигурни дека не ве заслужува!

nemavme-seks-so-noviot-decko-veke-3-meseci-i-eve-sto-se-sluci-2

Девојки, би одбиле секс по тримесечна врска? Момци, колку време би ја чекале девојката што ја сакате да биде подготвена?

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg