10 Најчести прашања за сексот: Сѐ што треба да знае еден тинејџер
Разговорите за сексот не треба да бидат непријатни, бидејќи тоа е единствен начин кој ќе ве доведе до подобро искуство и знаење поврзани со сексуалниот живот.
Денес многу млади имаат прашања поврзани со сексот, а не сите родители се одлучуваат да разговараат со своите деца на таа тема.
Секој тинејџер треба да ги знае одговорите на најчестите прашања поврзани со сексот, погледнете кои се тие:
1. Дали можам да забременам за време на првиот сексуален однос?
Секој пат кога ќе стапите во сексуален однос можете да забремените. Секако постојат различни контрацепции кои можат да ја намалат шансата за бременост, но не постои средство кое 100% ќе ја спречи.
2. Што значи незаштитен секс?
Изразот „незаштитен секс“, значи секс без заштита од бременост и/или против сексуално заразните болести, односно стапување во сексуален однос без никаква превенција.
3. На која возраст момчето може да ја забремени девојката?
Годините не се најдобар начин за таков вид проверка, со оглед на фактот дека кај некои момци тоа е возможно многу порано, а кај некои многу подоцна.
4. На која возраст е најдобро девојката да користи контрацептивно средство?
Исто како и кај момците, годините повторно не играат никаква улога. Доколку сте сексуално активни мора да користите заштитни средства против бременост и заштита од сексуално преносливи болести.
5. Што значи пенетрација?
Пенетрација значи влегувањето на машкиот полов орган во женскиот.
6. Ако девојката не доживее оргазам, дали може да забремени?
Може. Оргазмот нема никаква врска со тоа. Исто така, пред ејакулацијата на момчето, постои доволно количество сперма од која девојката може да забремени.
7. Дали девојката може да забремени при орален секс?
Не може, но преку овој секс може да се добие некоја сексуално пренослива болест, вклучувајќи го и вирусот ХИВ.
8. Дали постои одредена поза во која девојката не може да забремени?
Не постои нешто како „сигурна” поза. Ако постојат услови за бременост, девојката може да забремени во секоја поза.
9. Дали е вистина дека девојката не може да забремени при секс во вода?
Водата не е никаква превентива и повторно може да доведе до бременост. Сексуалниот однос во вода е опасен за двајцата партнери, бидејќи тие се изложени на повеќе бактерии кога се во водата.
10. Дали е посигурно ако за време на сексот се користат 2 кондоми?
Не, напротив, користењето на 2 кондома дава помала заштита, заради реакцијата на триење и загревање на двата кондома. Најдобро е секогаш да се држите до упатствата на произведувачот, бидејќи тоа е најсигурен начин за користење на средства за заштита.
Секој тинејџер мора да знае: Пред стапување во сексуален однос, поразговарајте со своите родители, од кои сигурно ќе ги добиете сите информации. Девојките пред првиот сексуален однос, најдобро е да договорат преглед на гинеколог заедно со родителот, кој ќе им посочи на сите важни работи.
Запомнете: Бременоста е најпрекрасната работа на светот, но таа мора да се случи во вистинско време и кога сте доволно зрели и подготвени за такво нешто.