5 знаци дека тој сè уште пати за бившата
Иако мислите дека конечно сте го пронашле партнерот со кој може слободно да се опуштите и да уживате во врската, супер ви е заедно, ви посветува внимание, сепак црвот ве јаде. Не дека сте љубоморни без потреба, туку едноставно не сте доволно сигурни дека е толку заљубен во вас и дека така лесно ја преболел бившата.
Ова се 5 знаци кои укажуваат дека сè уште не ја преболел:
1. Постојано ја спомнува
Ова е многу очигледна причина за тоа дека некогашната љубов сè уште стои некаде во неговата глава или срце. Дури и кога кажува нешто негативно за неа, јасно е дека не ја преболел и има свежи сеќавања.
2. Ве споредува со неа
Споредбите општо не се добри во ниедна врска. Комплимент дека сте убави како некоја глумица е едно, но споредбата дека имате насмевка како неговата бивша воопшто не е пријатно.
3. Продолжува да се дружи со неа
Не сакате да бидете една од оние кои му става некои забрани на партнерот, па се трудите да издржите и да глумите дека ви е сеедно што тој се слуша повремено со неа. Но, не е воопшто пријатно кога тој ви раскажува за средби после работа секој втор ден.
4. Ве носи на исти места кои го потсетуваат на неа
Ако постојано ве води на исто место, исто кафуле, прашајте го зошто толку го сака баш тоа место. Ако ви признае, тогаш време е отворено да разговарате, ако не, размислете што правите со него.
5. Му пречи што неговата бивша има нова врска
Ако е незадоволен и разочаран што таа продолжила со својот живот, потсетете го дека не треба да му е грижа за неа, туку за врската што ја има со вас. Можеби ќе се освести што прави.