Зошто губењето на невиноста денес е многу попријатно од порано?
Порано сексот се сметал за нешто непријатно и засрамувачко, па самата помисла на него будела нервоза и немир кај мажите и жените.
Истражувањето спроведено на оваа тема опфатила 5.769 универзитетски студенти во периодот од 1990 до 2012 година. Добиените резултати се неверојатно охрабрувачки!
И на мажите и на жените денес губењето на невиноста им е пријатно искуство, многу попријатно за разлика од пред 2 децении.
Ни малку не е изненадувачки фактот дека мажите двојно повеќе уживаат, за разлика од жените кои чувствуваат вина после оваа промена на телото.
„Кај мажите нервозата значително се намали во последните 3 децении, а кај жените се зголеми задоволството. За сметка на тоа, жените не се чувствуваат криви кога ќе ја изгубат невиноста, како до пред неколку години“, вели Сузан Спречер.
Основната причина заради која денес мажите и жените се далеку послободни и првиот секс не претставува непријатно искуство е информираноста на оваа тема, која е во значителен пораст.