Овие мажи предизвикуваат женски оргазми за паметење
Ако мислевте дека на жените најважна им е големината или техниката, се лажете. Наместо да смислувате нови начини како да го зголемите половиот орган или како да ја изненадите со ново движење, престанете да си го трошите времето.
Познато е дека жените сакаат богати и шармантни мажи кои знаат да ги насмеат, но сега е и потврдено дека не се работи само за интерес, туку и за сексуално возбудување.
Најновото истражување спроведено од психологот Џорџ Галуп покажало дека интензитетот на женскиот оргазам зависи од приходите на мажот, самодовербата и физичката привлечност.
Освен тоа, истражувањето покажало дека жените поголема важност им придаваат на квалитетните оргазми, отколку на многубројните.
Затоа мажи, ако не можете да ја промените финансиската ситуација преку ноќ, најмалку што можете да направите е да научите неколку реченици кои ќе ја насмеат секоја девојка.