Научете ја источната сексуална техника за врвно задоволство
Источните сексуални техники во западниот свет ретко се применуваат бидејќи бараат многу трпение, а сите се навикнати на брзиот начин на живот, па дури и на брзиот секс.
Камасутрата и одредени кинески техники бараат трпение и вежбање, па со самото тоа и период на пробување, одвикнување и отстранување на сите предмети, апарати, мобилни и часовници во друга просторија.
Првиот чекор е да го научите дишењето и да проучите некоја од медитативните техники со кои ќе го контролирате задоволството и оргазмот.
Клучот е во одложувањето на оргазмот. За време на оралниот секс и предиграта, додека ги допирате гениталиите ставете ги рацете на неговото/нејзиното срце.
Вежба за половата чакра – силен оргазам
Половата чакра се наоѓа под папокот, веднаш над гениталиите. Поврзувањето е со репродуктивните органи, јајниците и јазикот. Вежбата се нарекува „сахјоли“ и многу е слична со кегеловите вежби.
Вдишете низ носот, повлечете ја енергијата нагоре по `рбетот, а кај челната чакра на третото око задржете го здивот и повлечете ги половите органи нагоре со стегање на мускулите на дното на карлицата и долните стомачни мускули.
Стегањето повторете го 10 пати со тоа што ќе го задржувате здивот, а при десеттото повторување издишете низ носот, полека вдишете и опуштете се.
Оваа вежба би требало да ви ја зачува сексуалната енергија, а резултатот е интензивен оргазам. Дури и ако не верувате во моќта на чакрите, раздвижувањето на гениталиите не може да ви штети, туку може да ја зголеми чувствителноста, издржливоста и доживувањето.