3 знаци кои укажуваат дека сте во токсична врска
Токсична врска претставува врска која ве задушува и не ви остава простор да се пронајдете себеси во неа, а воедно и да здивнете од партнерот.
Доколку овие 3 знаци се појавуваат постепено или веќе се појавиле во вашата врска, тогаш време е да ја прекинете пред да ве отруе.
Претерана контрола
Претераната контрола, доколку се појави, не е баш најдобар знак за врската. Ако партнерот постојано ве прашува каде сте, со кого, зошто баш со таа личност, ви забранува дружба со пријатели или пријателки мислејќи дека ќе го изневерите, тогаш е време да му ставите крај на тоа однесување бидејќи истото може да премине во насилно.
Заедно 24/ 7
Освен што ве контролира вие не смеете а да не му се јавите еден ден или пак да не го видите. Посебно треба да се замислите ако сте од оние парови кои се постојано заедно 24/ 7, па немате време ниту за вашите пријатели, семејство, а уште помалку време за себеси.
Размислувате за изневерување
Поради постојаното гледање и контрола, вие сте започнале да размислувате за изневерување. Не си ја валкајте совеста поради краткотрајно чувство и потреба од адреналин, туку ставете крај на врската која очигледно ве труе со својата љубовна токсичност. Изневерувањето е доволен знак дека повеќе не сакате да бидете во таа врска со таа личност.
Се пронајдовте?