Само овие 2 особини се клучни за среќна врска

Психологот Јон Готман својот живот го посветил на истражување на љубовните врски и бракови, а врз основа на податоците кои до сега ги собрал, заклучил дека за успешната и долготрајна врска се потребни само 2 особини - дарежливост и љубезност.

Par_ljubav_jesen_00.jpg

Познатиот психолог во своето истражување тврди дека во 94% од случаите може да ја процени иднината на врската според љубезноста и дарежливоста, но и непочитувањето, критикувањето и непријателството на партнерите.

Љубезноста ги спојува паровите и е најважен показател на стабилноста, затоа што само така партнерот се чувствува почитувано и сакано.

Исто така, важно е луѓето во брак или врска да бидат дарежливи, односно да имаат разбирање за потребите на партнерот и да не ги забораваат ситниците кои може да ги направат за другиот да не се чувствува игнорирано или неважно.

Најважно е да бидете љубезни дури и во кавгите, порачува Џон, особено заради тоа што непочитувањето и агресивноста можат трајно да ја оштетат врската.

Иако е важно да ја разберете тешката ситуација, не заборавајте дека од клучно значење се и реакциите во среќните моменти. Начинот на кој реагирате на среќните вести од вашиот партнер може да има драматични последици на врската.

Заради тоа, ако сакате да имате долготрајна и среќна врска не заборавајте да бидете љубезни дури и во кавгите, но и дарежливи дури и тогаш кога мислите дека тој/таа не го „заслужува“ истото.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg