Како да се откажете од личност што не ве заслужува?

Доколку сте заљубени во личност која не го заслужува вашето внимание, а камоли љубов и не знаете како да го прекинете тоа чувство продолжете со читање.

kako-da-se-otkazete-od-licnost-sto-ne-ve-zasluzuva-1.jpg

Секој барем еднаш во животот бил заљубен во погрешна личност, па затоа не се чувствувајте лошо бидејќи љубовта кон таа личност ќе трае кратко, а овие 3 совети ќе ви помогнат да го намалите нејзиниот интензитет.

Откачете го партнерот

Прво би требало да се ослободите од неговото присуство доколку истото ве прави да се чувствувате лошо и помаку вредно. Понекогаш е подобро да се прекине врската без разлика на тоа колку сте заљубени доколку гледате дека вашиот партнер едноставно не ве заслужува од која било причина.

Прекинете ги сите контакти со него, вклучувајќи ги и контактите со неговите пријатели и преминете на следниот чекор.

Посветете се себеси

Втор и можеби најважен чекор од сите три е да си посветите време самите себеси односно да најдете некое хоби кое ве исполнува, да започнете да излегувате повеќе со вашите пријатели и да се обидувате да бидете подобри од личноста која ја гледате во огледалото секој ден.

Разубавете се, сменете ја фризурата и преокупирајте се со вас, наместо со партнерот кој не ве заслужува.

Потсетете се дека не ве сака

Третиот финален чекор кој е најболен од сите, но најефиксен е да се соочите со фактот дека партнерот не ве сака, а уште помалку ве заслужува и да продолжете понатаму.

Секој пат кога ќе посакате да му се вратите, потсетете се на ова, стегнете заби и не попуштајте пред вашите чувства.

Бидете силни и чекајте ја личноста која навистина ве заслужува!

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg