Интересни факти за сексот и половите органи: Спермата содржи калории
Спермата содржи калории, и тоа 7 во само 1 грам, Грците најчесто имаат секс - дури 87% имаат односи еднаш неделно, а машкиот полов орган може да се намали ако сексуалната активност е на ниско ниво.
Прочитајте уште неколку интересни факти кои сигурно не ги знаевте, без оглед дали сте маж или жена.
1. Научниците од универзитетот во Калифорнија откриле дека мажите кои помагаат во домашните обврски имаат двојно повеќе секс.
2. Истражувањата покажаа дека најголемиот број на женски оргазми во 1 час изнесува 134, а најголемиот број на машни оргазми само 16.
3. Русинката Татјана Кожевникова е светска рекордерка во дигањето на тегови со мускулите на вагината.
4. Ставањето на 2 кондоми не значи двојна заштита, туку ја зголемува шансата истите да пукнат.
5. Еден тестис е секогаш пониско поставен од другиот за да не се судираат додека мажот оди.
6. Во Кина порано се сметало дека пиењето на жива по сексуалниот однос може да ја спречи бременоста.
7. Мажите можат визуелно да ја проценат плодната жена. Затоа големите гради, тенкиот струк и широките колкови се привлечни, а воедно се и карактеристики на млада, плодна и здрава жена.