Постои ли сродна душа?

postoi-li-srodna-dusa-povekjeЧесто пати се прашуваме која е нашата сродна душа? Дали навистина постои таква личност на светот? Виенскиот психолог Јулија Умек укажува како да...

 

...ја препознаеме „длабоката поврзаност“ врз основа на 5 различни начини на однесување.

1. Повторно да се прегледа „случајноста“ и кругот на познаниците. Каде и да се наоѓате, ако „случајноста“ сака да бидете подолго од еден час покрај една непозната личност, на пример на некое предавање или во театар, проверете што ве поврзува со таа личност.postoi-li-srodna-dusa

Кој сака да ја препознае сродната душа треба повторно да го „прегледа“ својот круг на познаници и тоа со прашањето „што на другиот му е потребно од она што јас имам да му го понудам“.

2. Блискоста како клучно чувство Многу пријателства почнуваат несвесно, понекогаш сосема случајно. Сродните души не се оние кои површно добро се согласуваат со вас, повеќе се некои кои не надополнуваат.

Станува збор за психичките компоненти кои ја објаснуваат блискоста, а блискоста е едно од клучните чувства кај сродните души.

3. Симпатијата произведува допирни точки И световните нешта како образованието, староста, сличните интереси, семејното потекло, личното окружување, со еден збор, допирните точки ја одредуваат средбата на луѓето кои се сродни.

Допирните точки произведуваат наклонетост и симпатија кои се дополнителни две чувства кои ги спојуваат сродните души.

4. Доживејте го чувството „ние“ Луѓето со ист датум на раѓање веруваат дека во „хороскопскиот знак“ можат да најдат сродна душа.

Иако многу прорекувања кои можат да се прочитаат од хороскопските знаци почиваат врз таканаречениот Барнумов ефект - изјави кои со толкување секогаш можат да бидат вистинити - и луѓето со различни хороскопски знаци можат да се почувствуваат сродни.

Во суштина не е важно на што се сведуваат пријатните чувства дека сме сродни со јнекој друг. Во секое искрено „ние“ можат да се препознаат знаци на сродноста на душата.

5. Во добро и во зло Идеалот за искрена сродност на душите е дека во тој случај меѓусебно си помагаме при ублажувањето на тагата, зголемувањето на радоста и поддршка на сродникот во развивањето на неговата личност.

Сродните души се дом за душата, како во нестабилни, така и во среќни времиња. Сте ја пронашле ли и вие вашата сродна душа?

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...
Прашувам за пријател: „Мојата љубовница остана бремена, сака да ја напуштам сопругата - Што да права... „Кога на колешката ѝ признав колку ми недостига кога не е на работа, ми кажа дек...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
„По породувањето чувствував болка при секс и бегав од сопругот – Како успеав да го решам проблемот и... „Ако слушнете како некој се фали дека има многу секс по породување, немојте ведн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg