Момци, бидете ужасни на првиот состанок, девојките „паѓаат“ на тоа
Вообичаено кога некој дава или бара совет за на првиот состанок, тоа се најдобрите предлози, за најдобар изглед и најдобро однесување, колку и тоа да не ви е природно во моментот.
Но, научникот Чарлс Ј. Орландо нашол сосема поинаква стратегија и им дава тотално спротивни совети на момците од оние на кои сме навикнати.
1. Задоцни на состанокот
- Така ќе мисли дека е неважна, а ти потруди се да го докажеш спротивното.
2. Дојди на состанок после тренинг
- Во тренрки, со мирис на теретана и пот. Девојките природно ги привлекува мирисот на потта, колку и тоа да не го признаваат. Од друга страна пак, тоа што не сте подготвувале дополнително за состанокот ќе ја натера да мисли дека е безначајна, па ќе се потруди многу повеќе за да ви стане значајна.
3. Не прави план
На секоја девојка ѝ се допаѓа кога момчето доаѓа на време, има план за цела вечер и точно знае како ќе се одвива сè. Но, тотално ќе се заљуби во некој слободен, необврзан со планови и спонтан.
4. Зборувај за себе лично
Дај ѝ до знаење дека си супер и дека си свесен колку си супер. Зборувај за своите успеси, својата работа и сè што се однесува на тебе и што те покажува во најдобро светло.
5. Чекај таа да ти се јави
Мажите сакаат да бидат ловци, но не трчаат по секој плен. Застани, одмори се и почекај таа да ти се јави прва. Тоа ќе ја излуди, но нема да издржи.