5 најчести причини зошто имате болни сексуални односи
Ако сексот веќе извесно време не ви претставува задоволство затоа што чувствувате необјаснета болка, би требало да размислите на овие 5 работи.
1. Недостаток на возбуда
Ако жената не е расположена за секс, голема е шансата вагината да биде сува, што ја отежнува целата акција.
Кога ќе се најдете во ваква ситуација, пробајте да се опуштите со топла купка или долг и секси разговор. Сепак, и лубрикантите не се ништо помалку ефикасна опција.
Имајте на ум дека антидепресивите исто така ја намалуваат желбата за секс, па обидете се да ги избегнете.
2. Породување
Болката најчесто се јавува по породувањето, независно дали жената родила по природен пат или со царски рез.
Болното породување може да предизвикува болен секс со месеци, па и години.
Од голема помош повторно е лубрикантот кој може да го олесни односот и повторното привикнување на него.
3. Вагинизам
Вагинизмот е сексуална дисфункција за која ретко се зборува. Се работи за непријатно чувство на стегање на вагината за време на пенетрацијата. Дури откако чинот ќе заврши, мускулите се враќаат во нормала.
На стручните лица им е тешко да ја проучат оваа појава, па најчесто се смета за проблем поврзан со психата и мислите или некоја траума од минатото.
Во ваков случај, потребна ви е консултација со лекар.
4. Вулводинија
Ова е долготрајно чувство на непријатност кое се карактеризира со печење и иритација на интимните делови, а болката е константна.
Најчесто вувлодинијата се јавува кај повозрасни жени над 40 години, но добрата вест е што има соодветни третмани за лечење.
Најчести причинители за оваа болка се надразнетите полови органи, повредата, преносливоста на бактерии, алергиите...
5. Вагинални инфекции
Некои вагинални инфекции, како што се кламидијата и херпесот, се главни виновници за болниот однос.
Ако за време на сексот почувствувате непријатна болка или печење, задолжително посетете го вашиот лекар.
По дијагнозата, очекувајте терапија која ќе ја излечи оваа непријатност.