5 совети од порно глумица за совршен секс
Ако сакате вашиот сексуален живот да изгледа како оној од филмовите, потребно е да ги следите советите на најискусните, односно на оние кои се дел од тие филмови.
Што е она што ќе ве доведе до лудило, на што треба да внимавате и што треба да примените, најдобро го знаат главните порно глумици.
Таша Рејн е една од нив и според неа постојат 5 клучни совети и правила по кои треба да се водите за да доживеете врвно задоволство.
1. Оргазам
Во порно филмовите, девојката е таа која прва доживува оргазам. Истото треба да се случува и во реалноста. Мажот мора да направи и да дозволи девојката прва да го достигне врвот, за да може и таа да му го овозможи нему врвното задоволство.
2. Бакнување
Иако тоа не ви делува многу својствено за порно филмовите, Таша напоменува дека почетокот е секогаш исполнет со бакнежи дури и во тие филмови. Тој е важен и клучен чин од кој почнува сè, затоа не треба да се заборави и треба почесто да се применува.
3. Играње улоги
Скоро во секој порно филм актерите, односно партнерите, играат некоја улога. Тоа им помага да си ги остварат фантазиите и да го збогатат својот сексуален живот. Затоа се препорачува секојпат да играте различни улоги и да пробувате различни начини за да си ги остварите желбите.
4. Издржливост
За подолго да уживате во сексот потребна е и издржливост. Не треба да се претерува, но со почесто вежбање издржливоста ќе се зголемува и ќе уживате повеќе.
5. Самодоверба
Не мора да изгледате совршено и со идеални пропорции за да имате добар секс. Важно е да бидете сигурни и самоуверени, да не се плашите или срамите, за да го убедите во истото и партнерот. Самодовербата е клучен фактор за подобрување на сексуалниот живот.