Еколошки "зелен" вибратор
Еколошкото сексуално помагало наречено Earth Angel е новиот изум кој сигурно најповеќе ќе ги израдува активистите за заштита на...
... животната околина.Овој вибратор, кој пред употреба се полни со едноставно вртење на рачката за да се собере енергија, е специјално дизајниран и направен е од рециклирани материјали.
Ирскиот произведувач Камден Ентерпрајзес големно внимание им посвети на еколошки свесните луѓе, кога овој "зелен" вибратор оваа недела беше претставен на саемот за електорника во Австрија.
"Сакавме да направиме еколошки секси играчка која ќе може да се користи од страна на сите љубители на вакви играчки, без разлика на определувањата, годините или националноста.
На ова помагало стручњаците работеа повеќе од 2 години и возбудени сме што нашата визија конечно е претворена во реалност", изјавија од компанијата која го издизајнира ова еколошко помагало.
За операција од 1 час, потребно е само да ја свртите рачката 8 минути за батеријата да се наполни со енергија.Earth Angel има 4 брзини.