10 златни правила на среќните партнери
„За среќен брак потребно е да се заљубите повеќе пати, но во истата личност,“ мудро кажа една американска новинарка и писателка.
Оние кои го послушаа овој совет сигурно се на врвот на среќата, но она што нема никогаш да ви го признаат се токму овие 10 златни правила кои секојдневно ги негуваат.
1. Никогаш не бидете лути во исто време.
2. Не си викајте еден на други никогаш, освен ако во куќата не избил пожар.
3. Кога и да имате шанса, победата препуштете му ја на вашиот партнер.
4. Критикувајте со љубов, не со омраза.
5. Денес не ги оживувајте вчерашните грешки.
6. Попрво запоставете го целиот свет, отколку меѓусебно.
7. Трудете се да не си легнувате скарани.
8. Кажете нешто убаво и полно со љубов барем еднаш дневно.
9. Кога ќе направите нешто погрешно - побарајте простување.
10. Не заборавајте дека за танго се потребни двајца. Никој од вас не е вечен кривец, ниту само еден може да биде во право.