Дали и вас ве нервира кога мажите ги прават овие работи за време на сексот?
Мажите често се чувствителни кога е во прашање нивното знаење за жените и за сексот. Затоа понекогаш нема комуникација за тие теми, па пробуваат да ја задоволат саканата, но со погрешни работи.
Жените често имаат проблем кога треба да му објаснат на мажот каде греши во сексот, а овие ситуации најмногу ги нервираат:
„Возбуден“ прст
Сигурно се сеќавате на деновите кога сексот ви беше предизвик, но не си го дозволувавте од различни причини, па главната улога беше предиграта со прстот кој мислевте дека може да го замени пенисот. Ако сè уште го правите тоа, престанете.
Стискање на градите
Интензивно, грубо и со некоја чудна техника, како да се труби или топки за вежбање. Градите се допираат нежно, се милуваат, се бакнуваат.
Поза 69
Најпозната и најпопуларна поза, која сите магазини ја препорачуваат, но да бидеме реални, кому навистина му е пријатно во оваа поза?
Глумење оргазам
Заборавете на сценариото во кое жената глуми оргазам и дека тоа е позитивно бидејќи таа само сака нејзиниот фраер да е задоволен и самоуверен. Глумењето оргазам никогаш не е оправдано и не е добра идеја.
Секс без заштита
По сексот без заштита само следи нервозата дали сè поминало како што треба, постои ли опасност за бременост или да не сте префатиле некоја полово пренослива болест.
Плунка наместо лубрикант
Само затоа што тоа го гледате како пракса во порно филмовите, не значи дека е секси или хигиенски.
Секс додека стоите
Освен ако момчето не е кошаркарски високо, сексот додека стоите воопшто не е практичен и не е добра идеја.
Секс во вода
Сето тоа звучи романтично, возбудливо и палаво, особено ако е на некое јавно место, но вистината е дека сексот во вода не е воопшто практичен и згоден.
Триење на клиторисот
Веројатно, барем еднаш сте доживеале тој да ви го трие клиторисот со брзина како да гребе грепка. Но, со клиторисот треба да се постапува нежно и сензуално. Брзината и силата не се гаранција за клиторалниот оргазам.
Неговиот оргазам значи крај на сексот
Навистина не постои нешто поиритирачко од тоа коа ќе останете возбудени, а тој свршил пред вас.
Кои работи вас ве нервираат за време на сексот?