Средба со бившиот/ата
Средба со бившите е чудна, но доколку налетате додека сте во прошетка со новиот/новата дечко/девојка ситуацијата ќе биде необична. Во овој случај...
...најдобро ќе поминете ако се држите до сигурен терен, а тоа ќе го направите ако во старт при запознвањето кажете дека тоа ви е девојката или дечкото.
Не мора да нагласувате дека е нов/а доволно е само: “Ова е Ана, мојата девојка“. Немојте бившите да ги ословувате со “бивши“ доволно е да се користи само името.
Во ни еден случај не е прифатливо при средбата со поранешниот партнер да се гушкате и бакнувате. Можеби тоа е начин за поздравување, но немојте да го иницирате.
Доколку пак бившиот/ата ви пристапи на тој начин, можете да возвратите, но и понатаму поздравот нека биде формален.
Разговорот нека биде љубезен, но сепак поформален. Немојте да користите некои ваши поранешни шеги, ниту пак нешто во стилот “се сеќаваш ли кога бевме...“.
Бидете внимателни доколку не сакате да го изгубите она кое сега го имате со новиот партнер/ка.