Проверете ги знаците и откријте: Дали сте нинфоманка?
Нинфоманијата е уште еден од женските проблеми на кои не се посветува многу внимание. Тоа би требало да се третира како психосексуално пореметување, а не како личен избор. На тој начин на многу жени би им било полесно да се соочат со овој проблем и да побараат помош.
Нинфоманијата е проблем кои може да биде сериозен за жените. Но, не секоја желба за секс значи дека сте нинфоманка.
Ова се некои од знаците, поради кои треба да се загрижите:
Сексот ви е главна мисла во текот на поголемиот дел од денот
Нинфоманките не можат да се концентрираат на секојдневните работи поради големата желба за допири. Ако сте забележале дека тоа ви се случува и ако сте подготвени сè да оставите штом ви се укаже некоја прилика за секс, обрнете внимание.
Го оправдувате неверството
Нинфоманките се промискуитетни, дури и кога имаат постојан партнер не можат да ја задоволат постојаната желба за секс. Неверството е составен дел од нивниот живот, што значи дека не го сакаат оној со кој се во постојана врска.
Често купувате секси играчки
Освен порно филмови, орманите ви се полни со вибратори и останати секс-играчки? Додека вашите пријателки одат на шопинг, вие посетувате саеми за еротика.
Секојдневно мастурбирате
Нема ништо лошо во мастурбацијата, без оглед на тоа дали имате партнер за редовен секс или не, но секојдневното самозадоволување спаѓа во опсесивно сексуално однесување.
Тажни сте по сексот
Еден од симптомите на пренагласен сексуален апетит е чувството на тага по сексуалниот чин. Анксиозност или депресија се чести емоции кај жените зависни од секс.
Ако се препознавте во повеќето знаци, можеби време е да побарате стручна помош. Не се срамете од својот проблем.