Зошто немам партнер/ка?
Илјадници жени и мажи секојдневно си го поставуваат прашањето зошто немаат партнер, а во нивните очи често може да се забележи страв и безнадежност.
Лекот е во истражување на сопствениот карактер.
1. Направете анализа на минатата врска- погледнете каде била грешката и научете нешто корисно
2. Проучете го проблемот - секогаш разгледајте каде сте погрешиле и што е тоа кое треба да го промените.
3. Престанете да се преправате- бидете она што сте!
4. Мислете позитивно!
5. Верувајте во својот успех!
6. Нема потреба безусловно да ги исполнувате туѓите желби!
7. Бидете флексибилни!
8. Движете се во околина која вам ви одговара
9. Не го заборавајте говорот на телото кога комуницирате со останатите!
10. Научете да прифатите комплименти.
Да се биде сам не значи да се биде осамен, затоа што најважен е односот кој го имате кон себе. Откако ќе се познавате доволно ќе бидете подготвени тоа да го поделите со партнер/ка.