7 женски лаги после секс: „Да, имав оргазам!“
Сигурно не ви е секогаш најпријатно во кревет додека имате секс и телото ви произведува чудни звуци или сигурно не ви е секоја положба најудобна, но не коментирате.
На крајот сè добро се завршува со некоја ситна женска лага дека апсолутно сè било фантастично.
Но, за да не ви се повторуваат ситуациите, можеби подобро е да кажете што ви пречи во замена за некоја од овие лаги:
1. „Одлично беше“
Понекогаш навистина е одлично, но во главно е само добро. Во секој случај драго ви е што тој уживал, па оваа лага и не е толку опасна, освен ако вас не ви било непријатно.
2. „Да, доживеав оргазам“
Ова навистина нема потреба да го кажувате, ако не сте уживале доволно. Но, ако не сакате да го повторувате чинот додека не се задоволите и ако сте уморни, тогаш утешете го и него и себе со оваа лага.
3. „Се разбира дека нема да се променат работите меѓу нас“
Како тоа нема да се променат? Сигурни ли сте дека ќе можете да го гледате колегата со исти очи како претходно? Но, ако тој ви поверува, слободно залажувајте се.
4. „Она што го кажа за време на сексот воопшто не беше чудно“
Можеби и воопшто не сте концентрирани на неговите зборови за време на сексот, но сигурно некој чуден израз ви ги боде ушите. Ако само се сетите што сè изнакажал, веројатно подобро е и да не мислите.
5. „Не ми беше непријатно“
Сигурни сте? Не ви беше чуден ниеден звук на телата, сите пози ви одговараат? Но, штом добро се завршува, срамот поминува и веќе се чувствувате попријатно.
6. „Не ми се верува. Не знаев дека имам месечен циклус“
Како тоа не знаете дека имате месечен циклус? Ако размислите подобро, ќе се сетите дека уште утрото забележавте или го очекувавте според датумот.
7. „Да, би сакала веднаш да имаме повторно секс“
Можеби да, ако немате намера ништо друго да правите во остатокот од денот. Но, помислете и на обврските кои ве чекаат.
Девојки, какви лаги после секс кажувате вие?