Дали бројот на сексуални партнери влијае на големината на вагината?
Дали големиот број на сексуални партнери и односи влијае на големината и обликот на вагината? Дали тоа што партнерот има поголем пенис може да го зголеми женскиот полов орган?
Ова се можеби најчестите секс прашања на жените, но ретко која е подготвена јавно да го постави.
Лорен Страјкер е гинекологот кој ги дава одговорите на овие прашања.
Женското тело е така направено да е еластично и да може да се прилагоди на се што е потребно - од голем полов орган, до породување. Дури и најголемото бебе или најголемиот пенис нема да влијаат на големината на вагината, вели таа.
Ако по сексот не се чувствувате исто како претходно, тоа не е ништо необично.
Вагината ви се проширила и прилагодила на вашиот партнер на одредено време, но ќе се врати во првичната состојба многу брзо - кај некој за неколку минути, а кај некој за неколку часа. Тоа зависи од многу фактори, но нема сомневање дека вагината ќе се врати во првобитната состојба, открива Лорен.
Важно е да знаете дека ако не се чувствувате исто како пред сексот, проблемот не е во вагината, туку во мускулите на карлицата.
Кегеловите вежби може да ви помогнат во врска со тоа, но повеќе од жените не ги прават правилно. Затоа посоветувајте се со вашиот гинеколог кој ќе ви помогне да ги стимулирате и зајакнете карличните мускули, советува докторката.