7 секс совети за „малите техничари“

Секогаш може да се искористат некои совети и идеи кои ќе го зачинат вашиот сексуален живот. Колу и да сте добри во креветот, понекогаш е потребна мала промена за да го освежите односот и да го изненадите партнерот.

7-seks-soveti-za-malite-tehnicari-01

Добро би било да примените некои од следниве совети за да ја зголемите страста и да обезбедите експлозивни резултати.

1. Додајте перница во комбинација

Поставувањето перница под бедрата, задникот или грбот може да биде паметна идеја која ќе ви го промени аголот и длабочината на пенетрација, па ќе ви овозможи поголемо уживање.

2. Употребете ја вратоврската

Искористете ја вратоврската за префрлување на зглобовите на рацете или нозете над главата, зад грбот или на едната страна од креветот. Вратоврската може да послужи и како секси превез за очи.

3. Наместете го часовникот

Искористете го алармот на мобилниот за нешто повозбудливо од времето кога треба да се разбудите за на работа. Договорете се во точно време за секс, со одреден рок кој ќе го ограничите со алармот. Ако не го сакате сексот набрзина, алармот нека ви послужи за одредување на времето за предигра.

7-seks-soveti-za-malite-tehnicari-2.jpg

4. Додајте играчки

Сетилното истражување ќе биде уште пострасно ако меѓу чаршафите додадете и некоја играчка за возрасн, како вибратори. Со нив може да ги стимулирате повеќето подрачја на кожата. Со помош на вибраторот и обичната мисионерска положба може да ја претворите во најдобрата поза на светот.

5. Враќање на работ

Замолете го партнерот да го контролира вашето сексуално задоволство, па да застане секојпат кога ќе дојдете на работ на оргазам. Продолжената игра на „ладење“ и повторно „загревање“ ќе ви обезбеди неверојатно уживање.

6. Бакнувајте се и за време на оргазмот

Бакнувањето за време на оргазмот носи нова димензија на вашиот однос. Ја продлабочува поврзаноста меѓу партнерите и го интензивира сексот.

7. Табу допири – само со претходен договор

Вклучувањето во сексуалниот однос малку анална стимулација, но, само со претходен разговор за желбите , очекувањата и границите на таквото истражување. Кај анусот се наоѓаат милиони нервни завршетоци, па и лесното тапкање по надворешниот дел на ова подрачје може да донесе големо уживање, како за жените, така и за мажите.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg