Грешки кои ги прават изневерените жени
Кој еднаш ќе изневери, повторно ќе го направи тоа. Понекогаш, без оглед на тоа што правите, може да бидете изневерени и не постои ништо што може да се спречи.
На вас е да одлучите што и како понатаму, а ова се грешките кои изневерените жени ги прават, а не би требало.
1. Истрагата
Тоа е една од најчестите грешки кои ги прават изневерените жени. Почнуваат да ја истражуваат секоја ситница која ќе ја видат или чујат после тоа. Иако понекогаш е природно да бидете сомнителни постојат моменти кога едноставно грешите и го обвинувате партнерот за нешто што не направил. Ако сакате да продолжите да го обвинувате тогаш најдете вистински, конкретен доказ и факти за тоа.
2. Вина
Најлесно е да обвините друга жена, но да се сетите дека за неверство се потребни двајца и дека тој ја избрал, пред да продолжи со што и да е друго.
3. Се менувате
Она што секојдневно треба да го избегнувате е да се менувате себе за да го задржите. Ако мислите дека сте виновни за неговите постапки, размислете уште еднаш. Ако ве изневерил тоа не е одраз на вашата вредност, туку на фактот што можеби тој не е способен да одржи здрав однос.
4. Го менувате него
Мора да знаете дека многу грешите, бидејќи за да се промени некоја личност мора тоа и сама да го сака.
5. Извинување
Кога се изневерени, некои жени имаат тенденција да му простат на партнерот верувајќи дека тоа било само еднаш, поради одредени околности и дека нема да се повтори. Но, пред да се одлучите и да го прифатите ова објаснување, дозволете му да ви покаже колку му е жал и колку сте му важни. Дури тогаш сте подготвени да донесете одлука.