9 сигурни знаци дека тој сака само секс
Вие сонувате за романтична врска и можеби веќе сте ја испланирале иднината, кога сфаќате дека тој не ни помислува на сето тоа. За да не се најдете во небрана ситуација и да останете запрепастени од неговата реакција, можеби е подобро да ги гледате работите од далеку.
Доволни се 9 знаци според кои може да препознаете дека тој сака само секс.
1. Во текот на денот не му текнува да ви прати порака, но затоа не штеди кога сака некоја активност и тоа обично доцна навечер.
2. Кога легнувате еден покрај друг да гледате филм, тој најчесто би го премотал или би го прекинал и би преминал на нешто друго.
3. Ако не знаете со кого се дружи, не знаете каде излегува, дури не го знаете ни неговото презиме, веројатно е јасно дека тоа е тип кој ќе ве контактира само за секс.
4. Никогаш не ве кани да преспиете кај него. Не ве ни брка, но секогаш наоѓа добри изговори зошто да не останете.
5. Води сметка да не случајно заборавите нешто кај него. Тоа е знак дека не би сакал да се вратите во неговиот стан кога нему нема да му одговара.
6. Никогаш не излегувате на состанок, туку ве носи на различни страни, каде сте подалку од очите на јавноста.
7. Зафатен е кога ви е потребен совет или поддршка. Но затоа е секогаш достапен кога нему му е потребно.
8. Ако главната врска ви се заснова само на секс, јасно е сè. Тоа е единствената комуникација која и понатаму ќе ја имате.
9. Секој ваш разговор и допишување има сексуална конотација.
Препознавте некој знак кај вашиот партнер?