Дебелите мажи имаат подобар секс од слабите?!
Турските научници неодамна дојдоа до откритие кое ќе ги утеши мажите кои немаат плочки на стомакот и не изгледаат како модели од списанијата.
По неколку месечно истражување и анкетирање, заклучокот на стручните лица е дека подебелите маж се подобри во кревет отколку слабите.
Испитувањата откриле дека момците кои имаат пивско стомаче всушност се многу поиздржливи во спалната собa, па една партија секс со нив трае во просек по околу 7,3 минути.
Од друга страна, сексот со витките мажи трае само 1,8 минута во просек, а се испоставило и дека се помалку вешти во креветот и имаат проблем со прераната ејакулација.
Научниците веруваат дека за овие добри резултати кои ги постигнале мажите со некој килограм вишок се заслужни масните наслаги кои им помагаат да постигнат хормонска рамнотежа.
Како што тие објаснуваат, мажите со некој килограм плус имаат зголемено ниво на естрадиол, кој е еден облик на естроген.