Сексуално пренослива болест која можеби ја имате, а не знаете

Последните извештаи од Американскиот центар за контрола на болести, открилe дека 1 лице од 100 ја има оваа заразна полова болест. Едно лице можеби не звучи страшно, но кога се работи за кламидија, резултатите се повеќе од застрашувачки.

seksualno-prenosliva-bolest-koja-mozebi-ja-imate-a-ne-znaete-01.jpg

Она што е многу позагрижувачки е фактот што 1,4 милиони лица пријавиле дека ја имаат оваа болест, додека преостанатите 400.000 можеби ја имаат, а тоа не го знаат, ризикувајќи така да ги заболат и своите партнери.

„Кај двата пола, кламидијата може, но и не мора да предизвика пад на енергијата, како и болки, посебно при мокрењето, но тешко дека ќе препознаете дека ја имате доколку не се прегледате. За жал, ниту еден знак не може јасно да ви покаже дека имате кламидија,“ вели една професорка од универзитетот Јејл.

Кламидијата која спаѓа во најчесто преносливи бактериски болести, многу почесто ги мачи жените.

Доколку не се лечи веднаш, бактеријата може да предизвика поголеми проблеми и инфекции, а при тоа треба да знаете дека кламидијата ја намалува плодноста, како кај жените, така и кај мажите.

Жените кои имаат необичен исцедок, печење за време на мокрење, болки при сексуален однос, чешање или непријатно печење, болки за време на менструалниот циклус и негова нередовност, задолжително треба да направат тест кај својот гинеколог.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg