Предности на бавниот секс: Постојат повеќе отколку што си мислите
Иако летните жештини ја зголемуваат температурата во спалната соба, истото така и го уморуваат нашето тело.
Затоа најдобро е да ја забавите работата во спалната и да ги откриете магиите кои ги крие бавниот секс.
За почеток, бавниот секс трае подолго. Тоа значи дека машкото и овозможува на својата партнерка повеќе време за таа да го достигне врвот, без брзање.
Според истражувањата, на мажите им се потребни 2 минути пенетрација за да го достигнат врвот, за разлика од жените на кои во просек им се потребни 14 минути.
Со бавниот секс, шансите за вашата партнерка да доживее оргазам се поголеми, а уште поголеми се и шансите да го доживеете обајцата во исто време.
Освен тоа, бавниот секс е далеку поромантичен и повеќе интимен. Овој секс и овозможува на партнерката повеќе да ужива, отколку кај брзиот.
Но, дали знаете како да забавите?
Пробајте да го одложите оргазмот кај вашата партнерка на тој начин што во текот на сексот ќе ги стиснете вагиналните мускули. Обидете се да ја задржите ејакулацијата две или три минути, а потоа опуштете се и потоа продолжете.