Реченици кои ја будат неговата желба за секс
Често пати жените забораваат дека и мажите сакаат комплимент кој ќе ги натера да се чувствуваат посакувано, нешто што ќе ја разбуди неговата фантазија.
Ако малку ја запоставивте страста и возбудата во врската, овие 5 реченици ќе го натераат повторно да ве посака како некогаш:
„Убаво мирисаш“ - Фраза која подеднакво пали и кај мажите и кај жените заради фактот што мирисот има силно влијание врз желбата за секс.
„Се чувствувам сигурно покрај тебе“ - Мажите ја обожаваат улогата на заштитници. Потребата за неговата силна прегратка најчесто го наведува чекор понатаму.
„Имаш вешти раце...“ - И покрај тоа што можеби комплиментот ќе се однесува на неговата работа која во моментот ја врши, оваа реченица ќе му ја разгори фантазијата.
„Ти си најсмешниот човек што го знам!“ - Дајте му до знаење дека обожавате додека ве засмева. Насмевката е најсилен афродизијак.
„Ти го обожавам овој дел од телото“ - Хранете му го егото! Без оглед за кој дел од телото се работи, упатете му комплимент. Допрете го и се ќе му биде јасно.