12 клучни разлики помеѓу девојките за една вечер и девојките за врска
Често некои девојки се прашуваат како да знаат дали некое момче ги посакува само за една вечер или може да се надеваат на врска. Понекогаш тоа може и сами да го процените според сопственото однесување, но и според неговото однесување.
Момците кои може да направат разлика и знаат што сакаат, јасно даваат до знаење што им е важно во едниот и во другиот случај. Според тоа, доколку се препознаете во некоја од разликите, може да претпоставите на каква идниан може да се надевате.
1. Разликата е во пониските стандарди
- Девојката со која би бил во врска треба да е интелигентна и забавна
- Девојката за една вечер доволно е да е слободна и да изгледа добро
2. Разликата е во тоа како прави да се чувствувам
- Девојката со која сакам врска - едвај чекам да ја запознам со друштвото
- Девојката за една вечер - едвај чекам да им кажам дека сме имале секс
3. Разликата е во тоа дали има иднина
- Девојката со која сакам врска треба да има слични интереси како моите, слична смисла за хумор и да сме на исто интелектуално ниво.
- Девојката за една вечер – ако немаме заедничка тема за разговор и сме тотално различни карактери, тогаш не размислувам за иднина, доволно е само да биде добар сексот таа вечер.
4. Разликата е во интересот за другите работи, покрај сексот
-Девојката со која сакам врска ме тера да размислувам и за други работи, а не само за секс со неа
-Девојката за една вечер не ме интересира на ниеден друг начин освен за секс
5. Разликата е во нивното лице
-Девојката со која сакам врска доволно е да има убаво лице и просечно тело
-Девојката за една вечер може да има просечно лице, но мора да има згодно тело
6. Разликата е во интелигенцијата
- Девојката со која сакам врска треба да биде згодна и паметна
- Девојката за една вечер не е потребно да биде паметна
7. Разликата е во тоа што им кажувам на пријателите за сексот
- За девојката со која сакам врска нема да им ги кажам сите работи што сме ги правеле во креветот
- За девојката за една вечер ќе им ја кажам секоја ситница
8. Разликата е во тоа дали има нешто повеќе од сексуална привлечност
- Со девојката која ја сакам за врска не е доволно само да имаме добар секс, туку таа ме интересира да ја запознам подобро. Треба да е забавна и интелигентна.
- Со девојката за една вечер, нема ништо повеќе од сексуална привлечност, не ме интересира ништо повеќе за неа и доволен ми е само добриот секс за една вечер.
9. Разликата е во тоа што не е само секси
- Девојката за врска не е само атрактивна на изглед, туку ме привлекува и со сè друго што прави или зборува.
- Девојката за една вечер е само привлечна на прв поглед, ништо повеќе.
10. Разликата е во тоа што мисли мајка ми за неа
- Сакам да бидам во врска со девојка на која мајка ми би била горда.
- Сакам да имам секс за една вечер со девојка за која мајка ми никогаш не би дознала
11. Разликата е во тоа колку ме интересира
- Девојката со која сакам врска сакам и да ја слушам кога зборува
- Девојката за една вечер не сакам да ја слушам кога зборува
12. Разликата е во тоа како влијае на мене
- Девојката со која сакам врска ме прави подобра личност
- Девојката за една вечер нема почит ниту за самата себе, па не може да ми влијае за јас да имам почит кон неа.