Освојте го бившиот
Доколку никако не можете да ја преживеете разделбата со поранешното момче, спроведете ги советите кои ќе ви помогнат да го обновите стариот пламен меѓу вас.
Прв чекор
Соочување Добро погледнете се и признајте си дали сте се промениле или не. Ако сте, можеби во тоа лежи одговорот поради која вашата врска станала дел од минатото. Доколку не сте задоволни со својата промена вратете се во „стариот филм„ и станете онаа во која вашиот партнер некогаш бил заљубен.
Луѓето најчесто се оттуѓуваат еден од друг ако потребите не им се исполнети. Размислите што можете да направите на тоа прашање, исправете ги лошите навики и грешки.
Доколку сте се промениле и со промената сте задоволни, немојте да играте психолошки игрици со сама себе,со желба на вашето поранешно момче повторно да му се допаднете. Ако се впуштите во тоа, сте се осигурале со полиса на трпение, која кога тогаш ќе посакате да ја скинете.
Втор чекор
Вежбајте разделување Немојте да се „залепите„ за поранешниот парнер, да го прогонувате и да не му дозволувате да дише. Без разлика колку сте заљубени и колку многу патите за него, никогаш немојте да го покажувате очајот и копнежот, бидејќи таквото однесување само ќе ја влоши состојбата.
Потрудете се да не изгледате дека по секоја цена сакате да го вратите назад. Бидете независни тоа ќе го привлече и заинтересира, посебно ако во него ја има сеуште старата страст и љубов према вас.
Трет чекор
Вклучете конкуренција Без разлика на тоа што се уште чувствувате љубов кон поранешното момче, немојте да престанете да се гледате со останатите пријатели. Исто така почитувајте ја слободата на вашата поранешна „идеална половина.„ Но, некогаш ќе мора да се помирите.
Доколку тој веднаш успеал да најде нова љубов - сепак не сте му значеле колку што мислите. Почитувајте го неговиот избор и помирете се со фактот дека сепак вие не сте биле најдобрата за него.