Сексот без обврска ве прави поубави
Едно истражување на универзитет во Њујорк ги срушил сите претходни теории за повремениот секс за една ноќ лошо влијаат на самодовербата на оние копи го практикуваат.
Истражувањето било спроведено на студенти кои 12 недели воделе дневник и ги запишувале своите чувства кога воделе љубов, без разлика дали е тоа со некој со кого се во врска или со некој не толку важен. Резултатите биле зачудувачки.
Оние кои си дозволувале одвреме - навреме да се впуштат во секс авантура со личност која им е постојан партнер се покажало дека се полни со самодоверба и севкупното задоволство во животот. Кај нив немало ни трага од стрес, депресија или анксиозност.
Притоа се покажало дека секс излетите подеднакво добро им влијаат и на момците и на девојките кои имаат полиберални сфаќања од останатите.
Иако сексот без обврска со себе носи и извесни ризици од потенцијалните зарази, ако се води сметка за заштитата, овој вид забава има многу психофизички предности.
Се дошло до заклучок дека оние кои често го практикуваат изгледаат поубаво и посвежо од останатите.
Колку често вие го практикувате ваквиот секс?