Прекршете ги правилата

pravila-koi-treba-da-se-prekrsatПостојат универзално прифатени непишани правила кои секој пар се обидува да ги почитува. Не треба да се грижите ако тоа не ви поаѓа од рака...

 

...Некои правила се застарени и бесмислени. Слободно заборавете ги следните пет.

Правило 1: Не смеете да загледувате другиpravila-koi-treba-da-se-prekrsat1

Прекршете го: Ако сте во врска не значи дека сте слепи. Слободно може да го задржите погледот на симпатичниот дечко/девојка со кој се разминувате, без тоа да значи дека вашиот партнер не е доволно добар.

Истото важи и за партнерот - не се лутете кога и тој/таа ќе го направи истото. Сепак има разлика меѓу загледување и вртење или буквално потекување лиги по некој згоден минувач.

Тоа едноставно не е во ред. А ако сте доволно самоуверени (а зошто не би биле?) можете и сами да искоментирате дека момчето/девојката што ги загледува партнерот и според вас изгледаат добро.

Правило 2: Треба да се дава целосен извештај за минатиот ден

Прекршете го: Па не сте сраснати еден за друг, нели? Не треба да чувствувате обврска да му ги кажете сите детали за тоа како поминал вашиот ден. Она што едвај чекате да го кажете некому, секако. Важните работи, секако. Работите што се од заеднички интерес, секако. Она што знаете дека ќе му/ѝ се допадне или ќе го расположи, секако.

Правило 3: Сексот секогаш треба да биде спонтанpravila-koi-treba-da-se-prekrsat2

Прекршете го: Би требало да поработите за да имате редовен секс, особено во подолга врска каде стресот на секојдневието понекогаш ја засенува страста. Ако сте презафатени, одвојте термин во својот распоред и кажете му/ѝ дека сакате да водите љубов вечерва.

Правило 4: Не смеете да зборувате со бившите

Прекршете го: Нема причина сосема да прекинете контакт со некој кој ви е драг, и откако не успеала љубовната врска го сметате за пријател. Сепак, ова треба убаво да му се објасни на сегашниот партнер бидејќи не треба да се чувствува загрозен.

Од време на време може да го поканите сегашниот партнер да дојде кога пиете кафе со бившиот, па така да се увери дека веќе не постојат романтични чувства меѓу вас.

Правило 5: Нашите правила се непроменливи

Прекршете го: Првите четири се универзални правила што се подразбираат во скоро pravila-koi-treba-da-se-prekrsat3секоја врска. Но, постојат низа правила што секоја двојка си ги создава со намера да ги избегне расправиите.

Не мора да се чувствувате лошо ако некој договор повеќе не ви изгледа логичен бидејќи сте влегле во поинаква фаза на врската или едноставно сте увиделе дека правилото не функционира.

Без разлика дали станува збор за договор дека секогаш ќе се слушнете пред спиење, дека еднаш неделно ќе ручате сами или дека ќе си ги запишувате нештата што ви пречат и еднаш месечно ќе ги разменувате ливчињата...

Што и да е, ако не ви се допаѓа повеќе, не треба да го правите со сила. Да одлучите да ги прекршите сопствените правила не значи дека врската се распаѓа.

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg