Најголемите грешки кои ги прават жените во сексот

Мажите и жените често грешат во сексуалните врски, а на многумина добро би им дошла лекција за тоа што не треба да прават во креветот. Постојат неколку најголеми грешки  кои ги прават жените со совети за тоа што е потребно за здрав, возбудлив и исполнет сексуален живот.

najgolemite-greski-koi-gi-pravat-zenite-vo-seksot-01

Грешка бр. 1: Очекувате тој да размислува како жена

Ова е причина за многу фрустрации кај двајцата партнери. Мажите ги збунуваат жените, а жените не ги разбираат мажите. Очекувањето тој да размислува на ист начин е бескорисно губење време, но и голема причина за недоразбирања и тензија.

Совет: Машкиот и женскиот мозок различно функционираат. Затоа, комуникацијата меѓу партнерите е многу важна. Ако мислите дека мажите исто го сфаќаат сексот и дека имаат исти желби и чувства како жените, тоа може дополнително да ви го уништи сексуалното задоволство.

Грешка бр 2: Не очекувајте од партнерот да ви ги чита мислите

Ни партнерот ни некој друг не може да ви ги чита мислите, а ниту вие неговите. Научете со зборови да ги изразувате сексуалните желби и потреби.

Совет: Надминете го срамот. Иако ова е последица  од честото конзервативно воспитување, сексуалната револуција е завршена и можете за сè да зборувате отворено со партнерот. Сексот веќе не е само процес за размножување.

Грешка бр. 3: Недостаток на иницијатива

На многу мажи им е привлечно и секси кога жената ќе ја преземе иницијативата во креветот, но и надвор од него. Јавете му се на работа и кажете му дека сте испланирале романтична вечера. Сигурно видно возбуден ќе се врати дома, а вие може да го дочекате подготвени и облечени во некоја секси долна облека.

Совет: Имате многу можности, па само приспособете го вашиот темперамент и стил. Не мора секогаш да бидете вулгарни, ако тоа не е дел од вашата личност. Понекогаш е доволен и поглед.

najgolemite-greski-koi-gi-pravat-zenite-vo-seksot-1

Грешка бр. 4: Недостаток на спонтаност

Сексот не мора секогаш да биде најавено случување. Мажите сакаат кога жените се спонтани. Никогаш не се знае што ве чека на крајот, а сите сакаат изненадувања.

Совет: Кога го паркира автомобилот, зграпчете го и почнете да го бакнувате штом влезете дома, прегрнете го наутро и кажете му дека сакате убаво да ви почне денот...

Грешка бр. 5: Водење љубов само во спалната соба

Не само што ова ќе ви досади, туку е и ограничено. Користете ја кујнската трпезарија, троседот, автомобилот, тушот, кадата...

Совет: Монотонијата го убива сексуалниот живот. Немојте да избегнувате нешто што може да го освежи.

Грешка бр. 6: Сексуална контрола

Сексот не е оружје за да го добиете тоа што го сакате. Тој треба да ги зближува луѓето и да им овозможи задоволство. Одбивањето на сексот затоа што сте лути не е добро, но и не значи дека треба да прифатите кога не сте расположени или кога навистина не сакате.

Совет: Ако сами свесно донесете одлука да се воздржите од секс за да го научите на некоја лекција, бидејќи сте се скарале – внимавајте! Сексот не е оружје за манипулација.

najgolemite-greski-koi-gi-pravat-zenite-vo-seksot-2

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg