Љубовта пред сѐ се искажува преку постапки, а потоа со зборови

Секому можеме да кажеме дека го сакаме, но вистинската љубов не се состои само од зборови туку и од постапки кои ја докажуваат нејзината искреност. Зборовите се само надополнување на она што го правиме како доказ на нашата љубов кон останатите.

ljubovta-pred-se-se-iskazuva-preku-postapki-a-potoa-so-zborovi-01

Тука не станува збор само за љубовта кон вашата девојка или момче, туку и кон пријателите и семејството.

- Секогаш наоѓајте време за оние кои ги сакате, само оние кои не сакаат смислуваат изговори, останатите го „создаваат” слободното време.

- Секогаш сослушајте што имаат да ви кажат вашите сакани, на тој начин им докажувате колку ги цените и почитувате.

- Не штедете на бакнежи и прегратки. Зошто да трошите зборови, кога една прегратка е замена за илјадници зборови?

ljubovta-pred-se-se-iskazuva-preku-postapki-a-potoa-so-zborovi-1

- Згответе нешто вкусно или подарете им нешто што одамна го посакувале без никаква причина и повод.

- Најважно од сѐ, никогаш немојте да им судите на оние кои ги сакате. Подржувајте ги без разлика дали ви се допаѓа нивната идеја или не. Вашите најблиски се надеваат на вашата неизмерна поддршка и несебична љубов, затоа помогнете им да ги остварат своите соништа.

- Најдете најразлични начини за да ја докажете вашата љубов кон оние кои навистина ви значат во животот, а зборовите ќе бидат јаготка на шлагот. Не се сомневајте дека тој колач ќе има одличен и незаменливо сладок вкус.

На кој начин вие ја искажувате вашата љубов?

ljubovta-pred-se-se-iskazuva-preku-postapki-a-potoa-so-zborovi-2

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg