10 правила за состаноците кои девојките треба веднаш да ги заборават
Пред да ги прочитате овие правила поврзани со состаноците, треба да знаете дека ако тој е вистинската личност ќе бидете сакани и ценети без оглед на сѐ.
Доколку сакате да изградите здрава врска секогаш бидете тоа што сте, но заборавете на овие „застарени”правила:
1. Не избрзувајте да имате секс
Заборавете на ова правило. Не е важно дали ќе имате секс во првите 5 минути или 5 месеци, доколку сакате да имате секс не чекајте. Доколку тој вреди ќе ве почитува без разлика на вашата одлука.
2. Никогаш не треба да го поканите момчето на состанок
Зошто да не? Ако некој ви се допаѓа едноставно преземете ризик и поканете го на состанок.
3. Очекувате тој да ја плати сметката
Ова правило е во ред доколку станува збор за вашиот прв состанок, но на следниот состанок и вие понудете се да ја платите сметката.
4. Се однесувате како да не ви се допаѓа
Не, момците немаат моќ да ви ги читаат мислите. Дајте му на знаење дека навистина ви се допаѓа.
5. Се преправате дека се чувствувате опуштено
Сакате да му се допаднете? Бидете тоа што сте.
6. Не облекуваjте ништо премногу кратко на состанок
Може да облечете што сакате на првиот состанок и заборавете на ова правило. Сигурно не му е првпат да види женски гради или нозе.
7. Не се бакнувајте на првиот состанок
Доколку не ви се допаѓа не се бакнувајте со него, но доколку ве привлекува ова е одличен начин за завршување на состанокот.
8. Нема хемија на првиот состанок, но сепак продолжувате да се гледате
Заслужувате да почувствувате хемија и страст - тие се најважни компоненти кои ја држат врската.
9. Разговарате за минати врски
Тоа е во ред, но немојте на првиот состанок. Сигурно има илјадници други теми за кои би можеле да разговарате.
10. Нарачувате нискокалорична храна
Ако редовно консумирате ваква храна тогаш е во ред. Но, ако нарачувате за првпат само заради тоа што сте на состанок, заборавете на ова правило.