Како тој го гледа вашето тело за време на секс?
Девојките најчесто се грижат за тоа како изгледа нивното тело за време на сексуалниот чин, бидејќи се плашат момците да не ги забележат нивните недостатоци.
Но, вистината е дека момците воопшто не ги забележуваат вашите недостатоци за време на секс. Тие се премногу возбудени за да го осудуваат целулитот на вашиот задник. Наместо тоа, преферираат да го допираат.
Еве како момците го перцепираат вашето тело за време на секс.
Задник
Девојката секогаш помислува на својот целулит и се плаши тој да не забележи. Всушност, момчето само помислува колку овој дел од телото го возбудува.
Во овој момент момците сакаат само да ве допираат, а не да судат за вашиот целулит кој и воопшто не го забележуваат.
Колкови
Колковите, после задникот, се дел од женското тело кој го возбудуваат машкото либидо до максимум.
Девојката најчесто се плаши дека нејзините колкови изгледаат визуелно огромни, но момчето е секогаш среќно што неговата девојка не е премногу слаба.
Стомак
Не е морално да имате стомачни мускули за да бидете секси. Тие најчесто не го забележуваат вашиот стомак за време на секс. Се фокусираат на тоа што е над него - вашите гради.
Гради
Дефинитивно најомилениот дел на мажите. Но и еден од проблемите на женската психа.
Некои девојки се загрижени дека имаат премали гради, а други преголеми. Вистината е дека на момците не им е важна големината, тие ги обожаваат онакви какви што се.
Грб
Доколку вашето момче обожава секс во кој ќе може да го допира вашиот грб тоа значи дека вашата позадина му е дефинитивно секси.
Вие најверојатно мислите дека не изгледате добро свртени со вашиот грб, но тој го мисли спротивното.
Нозе
Не е важно дали сте ниски или високи, вашите нозе се секогаш едни од најсексапилните делови на женското тело.
Доволно е да бидат внимателно издепилирани и мазни. За останатото не се грижете, момците не ги забележуваат вашите недостатоци кога се возбудени бидејќи размислуваат со својата друга глава.